Утрински Весник
Македонија

Кај Пештани пронајдени околу 100 метри рибарски мрежи со 239 риби

Screenshot 2026 11 17 172740.jpg

Полициска патрола пронашла рибарски мрежи со вкупна должина од околу 100 метри и улов од 239 риби во водите на Охридското Езеро, во близина на селото Пештани. Меѓу уловените риби имало охридска белвица, а вкупната тежина на уловот изнесувала 24 килограми и 550 грама.

Мрежите биле откриени на 15 ноември при контрола на езерото што ја извршиле службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ при Регионалниот центар „Запад“. При контролата биле пронајдени и повеќе парчиња риболовен алат.


По насоки на јавен обвинител, полицијата ги одзела мрежите, уловот и риболовниот алат за натамошна постапка. За случајот е известен надлежниот инспектор за рибарство од Државниот инспекторат за земјоделство.

Можете да прочитате

Во двор во Струмица пронајдени коски што наликуваат на човечки

Ангелов по приведувањето на советникот во ДЗС: Пријавувајте ако ви бараат пари

ФЕС: Вработени, а сиромашни – граѓаните работат по две,три работи за парче леб