Утрински Весник
Македонија

Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се шест пријави за семејно насилство

Nasilstvo.jpg

На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода А.Н.(35) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, по кратка расправија, со остар предмет го нападнал неговиот брат.

На 16.11.2026 во 00:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Џ.Б.(51) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.


Ноќеска (16.11.2026) во 00:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.Д.(37) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

На 16.11.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2026 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Бутел, С.Д.(34) физички ја нападнал неговата малолетна ќерка.

На 15.11.2026 во 13:15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 14.11.2026 околу 18:30 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Д.(52).

На 15.11.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.М.(48) од Битола, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна вонбрачна сопруга дека физички ја нападнал.

По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.

Можете да прочитате

Форум на жени на ВЛЕН бара неселективна правда за жртвите на насилство

Забранета за пиење водата од струшкиот водовод поради заматеност

Завршија ли вратените сирења и јаболка на македонските трпези!?