Утрински Весник
Македонија

Се предаде 24-годишникот што избега низ прозорец од СВР Битола по пријава за семејно насилство

Svr bitola.webp.webp

Дваесет и четиригодишниот К.У., осомничен за насилство врз својата партнерка, денеска напладне доброволно се предал во СВР Битола, откако на 10 ноември избега низ отворен прозорец од полициските простории.

Според МВР, предавањето било овозможено по преземени мерки во координација со неговиот бранител и Основното јавно обвинителство Битола. По пристигнувањето во полицијата бил уапсен, а со него разговараат инспектори од криминалистичката полиција.


Против К.У. на 11 ноември била поднесена кривична пријава поради сомнение за „загрозување при семејно насилство“ и „телесна повреда при семејно насилство“.

Случајот бил пријавен на 10 ноември во 23:10 часот. Неговата 21-годишна партнерка од Битола пријавила дека истиот ден, околу 17 часот, физички ја нападнал. Според нејзината пријава, тој подолг период физички и психички ја малтретирал и ѝ се заканувал.

Додека девојката го пријавувала насилството, К.У. доброволно дошол во СВР Битола со свој родител. При преземањето службени дејствија за негово апсење, избегал низ отворен прозорец.

Од полицијата наведуваат дека продолжуваат со дополнителни мерки и активности во координација со битолското обвинителство.

Можете да прочитате

Левица: Вмровските врски на семејството Корабоски поважни од животот на Сара – дали посмртен наод е единствениот доказ што го признаваат заробените институции? 

ДОМ: Уште колку жени треба да настрадаат додека институциите ги штитат децата на моќниците?

Пробиени тунели и завршени галерии на најсложениот дел од автопатот Кичево–Охрид