
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 07.11.2026 околу 14:30 часот, по претходно недоразбирање околу сообраќаен прекршок, пријавениот агресивно се однесувал кон Б.В.(44) од Делчево, а потоа отишол пред нејзиниот стан, тропал на вратата и ѝ се заканувал, а во неколку наврати на нејзиниот мобилен телефон ѝ праќал смс пораки со заканувачка содржина.

