
Најмалку 12 лица загинаа во автобуска несреќа што синоќа се случила во западниот дел на Иран, соопштија локалните власти.
Автобусот што се превртел превезувал работници во гасна рафинерија, на патот што ги поврзува Абданан и Дехлоран, во западниот дел на земјата. Првичниот биланс е 12 загинати, а 16 лица се повредени. Властите не ја исклучуваат можноста бројот на жртви да се зголеми.
Иран има лоши показатели во областа на безбедноста во сообраќајот поради застарениот возен парк, несовесното возење и лошата состојба на дел од патиштата. Според официјалните податоци, во сообраќајни несреќи во периодот од март 2025 до март оваа година загинале речиси дваесет илјади луѓе.
Во јули 2025 година 21 лице загина, а околу 20 беа повредени кога автобус се преврте во јужниот дел на Иран. Во август 2024 година, 28 пакистански верници кои патуваа кон Ирак загинаа во автобуска несреќа во централниот дел на Иран.

