Утрински Весник
Свет

Авионскиот сообраќај во САД во прекин: Стопирани полетувањата низ целата земја

Img 7927.jpeg

Американската Федерална воздухопловна администрација (ФАА) нареди запирање на сите полетувања од аеродромите во САД до натамошно известување, откако прекин во комуникациите ги погоди регионалните центри за контрола на летање низ земјата. Агенцијата соопшти дека мерката е воведена поради „вонредни околности и од безбедносни причини“. 

Авионите што веќе биле во воздух можеле да слетаат, додека за меѓународните летови што пристигнувале во САД надлежните одлучувале поединечно. Според платформата „Флајтрадар24“, околу 3.100 авиони веќе биле во воздух и се движеле кон американските аеродроми кога била издадена наредбата.


Американскиот министер за транспорт Шон Дафи соопшти дека прекинот ги погодил сите 22 регионални центри што го координираат движењето на авионите на маршрутите меѓу аеродромите. Техничките екипи на ФАА работат на утврдување на причината за дефектот. 

Претходната ваква мерка на национално ниво беше воведена во јануари 2023 година, кога дефект во системот за известување на пилотите ги запре домашните полетувања нешто помалку од два часа. Слична одлука беше донесена и по терористичките напади на 11 септември 2001 година. 

Прекинот се случи во време кога САД веќе работат на модернизација на застарената инфраструктура за контрола на летање. Конгресот минатата година одобри 12,5 милијарди долари за обновување на системот, а ФАА и Белата куќа побараа од законодавците уште околу 30 милијарди долари за дополнителни подобрувања. 

Во првичното известување ФАА не наведе кога ќе продолжат полетувањата. 

Можете да прочитате

САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта

Европа се обединува околу нови принципи за безбедност

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“