Утрински Весник
Македонија

Почина 67-годишен скопјанец, го прегазил тракторот кој сам се придвижил на бензинска пумпа

Ambulanta.jpg

На 12.11.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, 67-годишниот Р.К. од населба Сингелиќ, скопско, откако наполнил гориво и го паркирал тракторот „имт“ со прикачена работна машина со скопски регистарски ознаки, застанал до тракторот кој во еден момент сам се придвижил и со задното трклало го прегазил.

Притоа, Р.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 20:30 часот починал.


Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Клековски: Едно боцкање за рано откривање — грижата за машкото здравје не смее да биде табу

Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

Тешко повредено четиригодишно девојче при пад од скали на семејната куќа