Утрински Весник
Македонија

Две девојчиња повредени, пожар и искршени дрвја од силниот ветер во Битола

20261113132739 big 730x400 53.webp.webp

Силниот ветер кој од утрово дува на подрачјето на Битола предизвика проблеми на повеќе локации во градот. Две девојчиња се повредени од искршено стакло, излог на јавна институција во центарот на градот, а пожар е регистриран во населбата Лавци каде интервенираше екипа на Територијалната против пожарна единица, изјави за МИА, командирот на ТППЕ Битола, Христијан Тодоровски.

Од силниот ветер срушени се повеќе дрва низ градот и околината, потврдија работници на ЈП „Комуналец“ Битола кои се на терен, а во Нова Битола скршено дрво предизвика материјална штета врз автомобил.


Од Управата за хидрометеоролошки работи потврдија дека најсилните удари на ветерот се регистрирани утрово на мерната станица Тополчани кои достигнале до 86 километри на час, а во 13 часот во Битола евидентирани се удари на ветрот од 54 километри на час.

Можете да прочитате

Со новото решение за субвенциониран оброк студентите ќе имаат многу привилегии, вели Мицкоски

Јаневска во посета на Јапонија – отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката

Тамара Котевска го освои „британскиот оскар“ за документарен филм