Утрински Весник
Македонија

Засилени акции против дрвокрадството: За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави

Slika 2.jpg

Запленети се 734 кубни метри дрва и поднесени се 147 прекршочни и кривични пријави во интензивираните акции на Шумската полиција, кои се спроведуваа во текот на октомври, против бесправната сеча, транспортот и трговијата со дрвна маса од незаконско потекло.

Најголем дел од одземената количина сочинуваат даб и бука, односно запленети беа 288 кубни метри даб и 274 кубни метри бука. Преостанатиот дел од запленетата дрвна маса опфаќа 51 кубен метар мешано дрво и 121 кубен метар техничко дрво (трупци).


Во рамките на акциите против дрвокрадците, Шумската полиција привремено одзеде 11 товарни и 15 патнички моторни возила, осум трактори, 13 приколки и 18 моторни пили. Притоа, до надлежните судови поднесени се 122 прекршочни пријави, а до Основното јавно обвинителство 25 кривични пријави.

„Од дрвокрадството заработуваат поединци, а штетата ја трпат сите граѓани. Затоа продолжуваме со засилените контроли и одлучно ќе се постапува против секоја незаконска активност со која се уништуваат шумите. Ќе бараме одговорност и од оние што бесправно сечат и од оние што ги препродаваат дрвата. Шумите се заедничко богатство и наша обврска е да ги заштитиме”, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Можете да прочитате

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Зајкова: Имаме систем во кој што освен што се краде и никој не одговара

Левица: Откриен дилот меѓу премиерот и претседателот на Уставниот суд