Утрински Весник
Македонија

Лазовски до Славески: Како може гувернерот да не го интересира кој стои зад „Алта банка“?

Img 7786.jpeg

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, морал да знае кој стои зад купувачот на Стопанска банка АД Битола пред да биде одобрено преземањето, оцени економскиот аналитичар Славко Лазовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Тој ја критикуваше изјавата на Славески за сопственичката структура на „Алта банка“ во Србија и го постави прашањето што провериле монетарните власти пред да го одобрат влезот на инвеститорот на домашниот банкарски пазар.

Во емисијата беше посочено дека Славески во јавна изјава рекол дека не знае колкав е сопственичкиот удел во банката во Србија. Лазовски реагираше со прашањето зошто таквиот податок не би бил од интерес за гувернерот.


„Како може гувернерот на Народната банка да не го интересира? Тоа не е така“, изјави Лазовски.

Според него, пред да се одобри преземање на домашна банка, монетарните власти треба да располагаат со податоци за купувачот, неговата финансиска состојба и сопственичката структура.

„Кога се носи одлука за влез на банка во нашата земја, се разгледуваат податоците за тоа кој е купувачот, па дури потоа се носи решение да му се овозможи влез во банкарскиот сектор. Тоа дека не знае кој е, тој морал да знае“, нагласи Лазовски.

Аналитичарот оцени дека овие податоци требало да бидат дел од постапката за одобрување на преземањето на Стопанска банка АД Битола. Според него, случајот отвора прашања за тоа како Народната банка ги проверува инвеститорите и врз кои информации ги темели одлуките за нивниот влез во банкарскиот сектор.

Можете да прочитате

Лазовски: Пензискиот систем е неправеден, граѓаните треба однапред да знаат колкава пензија ги очекува

Лазовски: „Алта банка“ добива европски димензии, загрозена е довербата во банките

Лазовски: Никој во Македонија не може да зборува за продажба на „Алта банка“, одлуките зависат од Белград