Утрински Весник
Економија

Што ќе биде со „Алта банка“, ќе работиме ли подолго за пензија и ќе се оданочуваат ли празните станови? Вечерва во „Ноќно студио“ со Славко Лазовски

Screenshot 2026 11 12 144159.jpg

Иднината на „Алта банка“, сигурноста на штедните влогови, можните промени во пензискиот систем и оданочувањето на празните станови се темите за кои вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе се разговара во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ

Гостин во студиото ќе биде Славко Лазовски, даночен експерт и економски аналитичар, со кого ќе ги отвориме најактуелните економски прашања што директно влијаат врз финансиската сигурност и животниот стандард на граѓаните.


Што ќе се случува со „Алта банка“ во наредниот период? Колку се заштитени штедачите и дали постојните механизми се доволни за да ја гарантираат сигурноста на нивните пари? Какви последици може да има актуелната состојба врз довербата во банкарскиот систем и што треба да преземат надлежните институции?

Посебен дел од разговорот ќе биде посветен на пензискиот систем. Дали Македонија се соочува со потреба од зголемување на старосната граница за пензионирање? Ќе мораат ли граѓаните во иднина да работат подолго за да остварат право на пензија? Дали вториот пензиски столб ја исполнува својата функција или е време да се отвори сериозна дебата за негово укинување или реформирање?

Ќе разговараме и за пазарот на недвижности, високите цени на становите и даночната политика. Дали празните станови треба да се оданочуваат со повисоки стапки? Може ли таквата мерка да придонесе за поголема понуда на станови и попристапни цени или би претставувала дополнително финансиско оптоварување за сопствениците?

Со Лазовски ќе ги анализираме можните економски последици од ваквите решенија, но и прашањето дали државата има јасна и долгорочна стратегија за стабилен банкарски систем, одржливи пензии и праведна даночна политика.

Одговори на овие и на многу други прашања вечерва од 20:00 часот во „Ноќно студио“ на 4ТВ, со Славко Лазовски.

Можете да прочитате

Цената на гасот во Македонија под просекот на ЕУ, покажуваат податоците на Евростат

Левица: ДПМНЕ против Предлог-законот на Левица за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Над 136.000 туристи во септември, гостите од Турција најбројни меѓу странците