Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: По 10.000 денари за 243 семејства, конкретна поддршка за секое новороденче во Центар

Gerasimovski.jpg

Вкупно 243 семејства од Општина Центар оваа година добиле еднократна финансиска помош за новороденче во износ од 10.000 денари. Општината ја зголеми оваа поддршка од 7.000 на 10.000 денари, со цел да им помогне на младите родители за да им да им ги олесни трошоците по раѓањето на детето, велат од општината.

„Доаѓањето на принова е еден од најубавите моменти во семејството, но носи и нови обврски и трошоци. Знаеме дека во тие моменти секоја финансиска помош е добредојдена. Затоа решивме да ја зголемивме еднократната поддршка и тоа ветување го исполнивме. За нас е важно грижата за семејствата да не остане само на зборови и ветувања, туку да се претвори во конкретна поддршка што граѓаните директно ја добиваат”, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува да вложува во семејствата, со посебен фокус на најмладите жители и создавањето подобри услови за нивниот раст и развој.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Граѓани снимиле камион како истура отпад во Аеродром, Општината изрече казна

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола, продолжува поддршката од Општината