Утрински Весник
Економија

Лефков: Шпекулациите во случајот со АЛТА банка само штетат на стабилноста на банкарскиот систем

Lefkov 1.jpg

На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност “, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков oсврнувајќи се на шпекулациите што во изминатиот период се пласираат во јавноста за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка кон Србија и Русија и посочи дека ваквите наводи бараат јасни одговори и утврдување на фактите, особено имајќи ја предвид важноста на финансиската стабилност, надзорот и спречувањето на можни злоупотреби на банкарскиот систем.

„Во последниот период во јавноста се пласираат сериозни тврдења за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка АД Битола кон Србија па дури и кон Русија. Ова се тврдења кои не смеат да останат неодговорени, не смеат да отворат сомнеж за финансиската сигурност, за контролата на финансиските текови и во функционирањето на системот за спречување на перење пари и за можни злоупотреби на финансискиот систем, од друга страна Народната Банка излезе со конкретни информации дека во 2025 заклучно со Октомври 2026 не се евидентирани трансакции на поголеми износи кон Србија, а дека воопшто не се евидентирани приливи или одливи кон Русија во рамките на платниот промет“ рече Лефков и додаде:


„Моето конкретно прашање кое треба да го расчистиме е дали Управата за финансиско разузнавање има добиено извештаи или имате сознанија за сомнителни трансакции поврзани со Алта банка АД Битола или со други правни или физички лица поврзани со нив?“.

Можете да прочитате

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

Талески до Савески: Зошто нема истрага за Алта банка за Мицкоски, Славески и Кочовскa?

Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?