Утрински Весник
Свет

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД

Policeman With Car In Background.jpg

Бебе на возраст од 11 месеци е пронајдено живо во плиток гроб во шума во американската сојузна држава Јужна Каролина, откако минало приближно 24 часа закопано во кафез за кучиња, завиткано во пешкир – според проценките на полицијата, соопшти полицијата во Округот Лексингтон.

Бебето, по име Коа Шарп, исчезнало во понеделникот откако било оставено на чување кај својот татко – 25-годишниот Мајкл Комер, во домот на мајката на детето, извести Канцеларијата на шерифот. 


Како што пренесува денеска „Гардијан“, откако било пријавено исчезнувањето на бебето, отпочнала опсежна потрага во којашто учествувале околу 100 луѓе.  

Полицијата пронашла свежo ископана земја во шумата, на околу 45 метри од куќата на таткото на Комер. Кога почнале да копаат, слушнале плач и успеале да го извлечат бебето кое било живо закопано во кафезот.

Шерифот Џеј Кун изјави дека пешкирот со кој бил завиткан кафезот веројатно му овозможил на момчето да преживее, обезбедувајќи му доволно воздух. Бебето е пренесено во болница, а надлежните се надеваат дека ќе се опорави.

Комер бил уапсен за кражба и спротивставување при апсење, а полицијата соработува со обвинителството за утврдување дополнителни обвиненија.

Можете да прочитате

Повеќе од 770 училишта во Велика Британија добија лажни дојави за поставена бомба

Најмалку 300 училишта во Италија се евакуирани по закани со бомба, закана упатена и до Мелони

Зетот на Трамп: Утре патуваме за Москва на средба со Путин