Утрински Весник
Свет

Најмалку 300 училишта во Италија се евакуирани по закани со бомба, закана упатена и до Мелони

Policija italija.webp.webp

Најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани денеска откако добија иста е-пошта во врска со закана со бомба, која содржеше и закана упатена до италијанската премиерка Џорџа Мелони, а полицајците во моментов вршат безбедносни проверки на објектите, објави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара.

Тој рече дека бројот на училишта што добиле заканувачки пораки може да се зголеми, објави Анса.


Во нова порака испратена до училиштата заканата е „ќе ве уништиме“, а пораката е потпишана со името „Михаил Андропов“.

„Поставивме бомба во моторот на автомобилот на вашата премиерка“, се наведува во заканата на е-поштата.

Сличен инцидент и претходните денови беше регистриран во Италија кога е-пошта беше испратена на адресите на 280 директори на училишта.

Во Европа, супермаркетите, банките за крв, воздушниот сообраќај и телевизиските станици неодамна беа цел на хибридни напади.

Заканувачките е-пораки испратени до телевизиски станици и авиони низ цела Европа, исто така, беа потпишани со името Михаил Андропов.

Можете да прочитате

Зетот на Трамп: Утре патуваме за Москва на средба со Путин

„Денес се фрижидери, утре рутери“: ЕУ предупредува на нови хакерски напади

Инцидент при посетата на Бајден на Даблин: Демонстранти фрлаа предмети кон него