
Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако забележале камион како истура отпад на градилиште во близина на поликлиниката „Јане Сандански“.
По објавувањето на фотографиите во групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“, општинските инспекциски служби излегле на терен и презеле мерки.
Од Општина Аеродром известуваат дека на изведувачот му било наложено да го отстрани отпадот и да ја исчисти локацијата, а инспектор за животна средина му изрекол и парична казна.
По интервенцијата, отпадот бил отстранет, а на градилиштето била поставена нова заштитна ограда.



