Утрински Весник
Балкан

Уапсен поранешниот српски министер Раде Баста, осомничен за милионска штета во „Белградски електрани“

Rade basta.jpg

Поранешниот министер за економија на Србија, Раде Баста, е уапсен утринава по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, поради сомнение дека како директор на јавното комунално претпријатие „Белградски електрани“ го оштетил за повеќе десетици милиони динари, објавија српските медиуми.

Баста се сомничи дека одобрувал неосновани донации на различни спортски клубови, меѓу кои помали фудбалски и кошаркарски клубови, како и еден коњички клуб.


Акцијата ја спроведуваат припадници на Службата за борба против корупцијата, а во тек се и претреси. Според првичните, неофицијални информации, се приведуваат уште неколку лица поврзани со случајот.

Баста бил уапсен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Засега не е соопштена точната сума на спорната штета, ниту целосниот број на осомничени.

Тој беше министер за економија од октомври 2022 до 2023 година. Неговото разрешување следуваше по јавното барање Владата на Србија да се изјасни за воведување санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина.

На министерската функција дојде како кадар на Единствена Србија, која подоцна побара негова смена. По заминувањето од Владата го формираше движењето „Европски пат“.

Можете да прочитате

Во Бугарија утре ден на жалост по смртта на 11 лица во верижните сообраќајни несреќи на „Тракија“

Најмалку 10 загинати во верижни судири со над 50 возила на автопатот „Тракија“ во Бугарија

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА: 16 загинати и 13 повредени во силна експлозија во фабрика во Измир