
Променливо облачно време со повремени сончеви периоди нè очекува денеска, среда, 11 ноември. Според прогнозата на УХМР, во западните делови ќе има услови за слаб дожд, а по одделни котлини можна е појава на магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 5 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со можност за слаб локален дожд и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне 17 степени.
Променливото време со повремени локални врнежи ќе продолжи и во наредните денови. Во петок се очекува силен, повремено многу силен јужен ветер, а од сабота, со продор на постуден воздух од север, температурите ќе почнат да опаѓаат.


