Утрински Весник
Македонија

Павловска за случајот во Богданци: Едномесечното отсуство од настава требало да биде сигнал за реакција

Img 7568.jpeg

Случајот со убиството на 17-годишното девојче во Богданци отвора прашања за тоа дали училиштето и социјалните служби навреме ги препознале сигналите дека девојчето може да биде загрозено, оцени граѓанската активистка Анастасија Павловска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Павловска рече дека, според информациите со кои располага, девојчето цел месец не посетувало настава. Според неа, толку долго отсуство требало да биде повод училиштето да стапи во контакт со родителите и да провери што се случува.


„Во Богданци имаме случај каде што девојче на 17-годишна возраст, во средно училиште, не се појавувало цел месец на настава. Вие како наставник имате законска обврска да проверите со родителите што се случува“, изјави Павловска.

Таа посочи дека училиштата треба да ги следат подолгите отсуства и да ги известат надлежните служби кога има сомнеж дека ученикот е загрозен.

Во разговорот за заштитата на жртвите, Павловска го отвори и прашањето кој го следи спроведувањето на судските забрани за приближување и како институциите реагираат кога постои ризик од повторно насилство.

„Кој ќе го контролира тоа и како ние ќе осигуриме дека таа личност нема во еден момент повторно да се доближи и да предизвика насилство?“, праша Павловска.

Таа побара училиштата, социјалните служби и другите надлежни институции подобро да се координираат за навреме да ги препознаат ризиците и да се утврди одговорност доколку се констатираат пропусти.

Можете да прочитате

Павловска за фемицидите: Полицијата, социјалните служби и обвинителството недоволно се координираат

Двапати приведен за помалку од 30 часа: Битолчанец прво возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит