Утрински Весник
Македонија

Павловска за фемицидите: Полицијата, социјалните служби и обвинителството недоволно се координираат

Img 7567.jpeg

Стравот за сопствената безбедност и недовербата во институциите обесхрабруваат многу жени кои претрпеле семејно насилство да истраат во постапките што ги започнале. На ова предупреди граѓанската активистка Анастасија Павловска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според Павловска, жените што ќе се решат да пријават насилство се соочуваат со долги и исцрпувачки процедури. Додека траат постапките, вели таа, насилниците често продолжуваат слободно да се движат, а дел од жртвите повторно се соочуваат со закани.


„Голем дел имаат пријавувано, но потоа голем дел се откажале од самите постапки, бидејќи ја виделе целата институционална голгота низ која треба да поминат. Тоа ги обесхрабрува“, изјави Павловска.

Таа оцени дека последните случаи на фемицид укажуваат на сериозни пропусти во заштитата на жртвите. Како еден од проблемите ја посочи недоволната координација меѓу полицијата, центрите за социјална работа и обвинителството.

„Не зборуваме за политика, не зборуваме за тендери, не зборуваме за профити, зборуваме за човечки животи“, нагласи Павловска.

Активистката порача дека заштитата од семејно насилство е прашање на основните човекови права и дека државата има одговорност да им обезбеди безбедност на жртвите.

Можете да прочитате

Павловска за случајот во Богданци: Едномесечното отсуство од настава требало да биде сигнал за реакција

Двапати приведен за помалку од 30 часа: Битолчанец прво возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит