Утрински Весник
Скопје

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција, најави Ѓорѓиевски

Image 2026 11 08 155332296.png

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба,  наскоро ќе биде ставен во функција, посочувајќи дека веќе се асфалтираат пристапните улици и се финализираат активностите за негово поврзување со сообраќајната мрежа.

„Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. Но само за неполна година, го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција. Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена“, објави градоначалникот.


Тој потсети дека е решен процесот на експропријација неопходен за пристапите, кој, како што наведе, бил заглавен од претходните раководства.

„Ја ослободивме трасата и сега работиме за мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општини. Со тоа ќе овозможиме полесно движење, пократки патувања и растоварување на сообраќајот. Паралелно, продолжуваме со експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување. Нашата обврска е да го довршиме проектот во целост“, посочи Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост