Утрински Весник
Спорт

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Image 2026 11 07 130103457.png

Спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден, денес е центар на спортските случувања. Свечено беше отворено 15. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“. Настанот, во организација на Македонската џиу-џица федерација, оваа година бележи рекордна бројка од над 400 натпреварувачи од 24 клубови и седум држави, што претставува потврда за континуираниот раст и меѓународното значење на овој турнир.

На турнирот учествуваат натпреварувачи од различни возрасни категории, во машка и женска конкуренција, од Македонија, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Република Српска и Словенија, кои имаат можност да ги покажат своите спортски вештини, подготвеност и натпреварувачки дух.


На свеченото отворање присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ги поздрави присутните и официјално го означи почетокот на турнирот, истакнувајќи ја важноста на спортот за развојот на младите.

Општина Илинден останува посветена на поддршката и развојот на спортот, преку создавање квалитетни услови за одржување спортски натпревари, поттикнување на младите да се занимаваат со спорт и промоција на општината како домаќин на значајни домашни и меѓународни спортски настани.

Можете да прочитате

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028