Утрински Весник
Македонија

На граѓани им се слошило пред Алта банка во Битола, Брзата помош интервенирала неколкупати

Alta banka 1.jpg

Брзата помош неколкупати интервенирала пред Алта банка во Битола, откако им се слошило на граѓани кои чекале во метежот. Шалтерите денеска повторно се отворија во присуство на полиција, а претпладнево беа услужувани клиенти без платежни картички кои претходно добиле СМС-порака.

Пред експозитурата се собраа и луѓе кои немале известување. Во испратените пораки, според извештајот на САКАМДАКАЖАМ.МК, наместо поединечни термини бил наведен интервалот од 8 до 12 часот.


Дел од клиентите се пожалиле дека не успеале да подигнат пари ниту од банкомат, иако претходно не повлекувале средства од пензијата. Други побарале посебен шалтер за документите потребни за префрлање на пензиите во друга банка.

Редици имало и пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Дополнителен проблем за повозрасните граѓани и лицата со попреченост бил пристапот до канцелариите на третиот кат во зграда без лифт.

За клиентите без картички е предвидена исплата до 20.000 денари за период од две недели. Од 6 ноември, вклучително и во сабота, филијалата треба да работи во две смени. Граѓаните се повикани да го почитуваат распоредот што го добиваат преку СМС, а за оние што не можат да дојдат во определениот термин се најавени дополнителни термини. Сакам Да Кажам

Можете да прочитате

Жерновски: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ОЈО и МВР ја потврдија акцијата во Куманово: Се вршат претреси на повеќе локации