Утрински Весник
Скопје

Општина Гази Баба: Бесплатен офталмолошки скрининг за сите ученици во општинските основни училишта

Image 2026 11 04 114635920.png

Општина Гази Баба започна со реализација на значаен проект за унапредување на здравјето на најмладите – бесплатен и сеопфатен офталмолошки скрининг за сите ученици во општинските основни училишта.

Со овој проект, Општина Гази Баба станува првата општина во Македонија која организира ваков вид бесплатен офталмолошки скрининг за сите ученици во своите основни училишта.


По повод започнувањето на проектот, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес го посети ООУ „Крум Тошев” во Трубарево, каде што започнаа првите активности за спроведување на офталмолошкиот скрининг.

Активностите во наредните денови ќе продолжат и во сите останати општински основни училишта на територијата на Гази Баба.

По посетата, градоначалникот Бобан Стефковски истакна:

„Здравјето на децата е наша најголема одговорност, а нивната благосостојба мора да биде приоритет на секоја локална самоуправа.

Токму затоа започнуваме со реализација на овој значаен проект, преку кој на сите ученици во основните училишта во Гази Баба им овозможуваме бесплатен офталмолошки скрининг.

Многу често проблемите со видот кај децата остануваат незабележани, а можат директно да влијаат врз нивното учење, концентрација и правилен развој. Со навремено откривање и превенција можеме да направиме многу за нивното здравје и иднина.

Особено сум горд што Гази Баба е првата општина во Македонија која го реализира овој проект на ваков начин.

Упатувам искрена благодарност до Промедика и Систина Офталмологија за покажаната општествена одговорност и поддршката во реализацијата на проектот.

Продолжуваме да работиме посветено, со конкретни проекти и дела, затоа што нашите деца се нашата иднина, а нивното здравје е наш приоритет”, истакна градоначалникот Стефковски.

Целта на проектот е навремено откривање на евентуални проблеми со видот кај децата, овозможување рана превенција и упатување на понатамошни офталмолошки прегледи доколку за тоа се утврди потреба.

Видот има исклучително важна улога во правилниот психофизички развој на децата, нивното образование, концентрација и секојдневно функционирање. Токму затоа, редовната контрола и навременото откривање на проблемите со видот се од особено значење.

Општина Гази Баба упатува искрена благодарност до „Промедика” и „Систина Офталмологија” за покажаната општествена одговорност, поддршката и вклученоста во реализацијата на овој значаен проект.

Со реализацијата на овој проект, Општина Гази Баба ја потврдува својата определба за создавање подобри услови за раст, развој и образование на секое дете, преку конкретни мерки и проекти кои носат вистинска вредност за заедницата.

Можете да прочитате

Скопје се подготвува за нов јавен превоз: 100 еколошки автобуси и БРТ

Општина Центар одбележа 50 години постоење, доделени признанијата „Феникс“ за животни постигнувања

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – за првпат, бесплатни униформи за сите ученици од прва година