Утрински Весник
Македонија

АЛТА банка ги затвора експозитурите за клиенти од утре

Img 6957.jpeg

Експозитурите на АЛТА банка АД Битола од понеделник, 2 ноември 2026 година, привремено нема да работат со клиенти до дополнително известување, соопшти банката.

Во известувањето се наведува дека, согласно одлуката на Народната банка, воведени се привремени заштитни мерки. За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички на банката.


Од АЛТА банка нагласуваат дека мерките имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите.

Банката не наведува кога експозитурите повторно ќе почнат да работат со клиенти. За дополнителните информации и евентуалните промени, клиентите ќе бидат известувани преку официјалните канали на банката.

Можете да прочитате

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?

Побаран притвор за 20-годишник: Удрил дете во глава пред „Јане Сандански“, тоа се онесвестило

Јахији од ДУИ победил во Брвеница со стотина гласа предност