Утрински Весник
Македонија

Редици пред Алта Банка и во Битола, од банката смируваат: „Ликвидни сме работиме согласно законите“

Alta.jpeg

Десетици граѓани претпладнево чекаа ред пред Алта Банка во Битола со цел да ги подигнат парите, исплашени што оваа банка во матичната држава Србија повеќе не смее да работи.

Од банката пак излегоа со официјално соопштение до своите клиенти.


„Ве информираме дека АЛТА банка АД Битола и АЛТА банка АД Белград се посебни правни субјекти.
АЛТА банка АД Битола работи согласно законската регулатива на Република Северна Македонија и е под супервизија на Народната банка.

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење.

Вашите средства ви се непречено достапни, а сите банкарски производи и услуги остануваат на располагање.

Заштитата на интересите на нашите клиенти и одржувањето на вашата доверба остануваат наши највисоки приоритети“ велат од банката.

Инаку, српска Алта Банка пред извесно време ја купи македонската банка АД Стопанска Банка Битола и оттогаш името на новата банка е Алта Банка Битола.

Можете да прочитате

Макфест во знакот на големите музички имиња

Филипче: Мафијата што ја демонтираат во Србија се пренесе кај нас преку СНС врз ВМРО, преку Вучиќ врз Мицкоски

Левица: ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за земјоделците, јавниот превоз, здравството и научната инфраструктура