
Доцна синоќа Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка, која неофицијално беше поврзана со сега веќе опозициската Српска Напредна Странка.
Според објаснувањето на НБС, одлуката за одземање на дозволата за работа е поради нарушена ликвидност и влошена финансиска состојба.
Синоќешната одлука на НБС ги вознемири српските граѓани клиенти на банката па така утрово пред многу филијали на банката се формираа редови од граѓани кои планираат да ги подигнат депонираните средства.
Белград, Нови Сад, Краљево, Панчево, се само дел од градовите каде се забележани вакви редици.
Претходните два дена многу српски медиуми, како и опозициската СДСМ изнесоа наводи дека десетици милиони евра од централата на Алта Банка се префрлаат во подружницата во Скопје.


