
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува денеска, петок, 30 октомври. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, по одделни котлини ќе има услови за утринска магла, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 12 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува облачно време, со можност за слаба магла во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од утрински 10 до максимални 15 степени.
И утре продолжува променливо облачното време со повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат од 11 до 17 степени, со слаб северен ветер.

Нестабилното време ќе се задржи и во наредните денови, со врнежи со променлив интензитет. Пообилен дожд се очекува во понеделник, додека по котлините и натаму ќе има услови за утринска магла.


