Утрински Весник
Балкан

Бомбашки закани во три српски града: Полицијата ги евакуира судските згради

Screenshot 2026 10 28 162833.jpg

Повеќе судски згради во Србија денеска беа евакуирани по серија анонимни дојави за поставени експлозивни направи, поради што привремено беше прекината работата на судовите во Белград, Нови Сад и Ниш.

Како што пренесува „Еуроњуз Србија“, заканите пристигнале телефонски, а првата дојава била регистрирана нешто по 11 часот во суд во Нови Сад.


Набргу потоа слични закани биле пријавени и во судски објекти во Белград и Ниш, по што надлежните служби веднаш ги активирале безбедносните протоколи.

Вработените биле евакуирани од зградите, а судските активности привремено прекинати. Во Нови Сад, вработените чекале пред судската зграда додека полициските екипи го организирале безбедносниот преглед.

На терен биле ангажирани полициски службеници и специјализирани контрадиверзиски екипи, чија задача е да утврдат дали во објектите навистина има поставени експлозивни направи.

Паралелно со проверките, надлежните органи работат на утврдување на потеклото на анонимните телефонски повици и идентификување на лицата што стојат зад заканите.

Според досега објавените информации, нема потврда дека во некоја од евакуираните судски згради е пронајдена бомба.

Се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции по завршувањето на безбедносните проверки.

Можете да прочитате

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО БЕЛГРАД: Убиен малолетник

Малолетник со нож сакал да упадне во израелската амбасада во Белград, полицијата го усмртила

Прво интервју на Вучиќ по поразот: Ова е ноќна мора, но Србија ќе се разбуди