
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, со која оствари пријателска средба посветена на односите меѓу Косово и Северна Македонија, институционалната соработка и можностите за нејзино унапредување во области од заеднички интерес.
На средбата се разговараше за значењето на зајакнувањето на добрососедските односи, кои се темелат на историските, културните и општествените врски меѓу двете земји. Посебно внимание беше посветено на потребата од континуирана меѓуинституционална комуникација и препознавање нови можности за соработка, во насока на развој и остварување на заедничките интереси.
„Ми претставуваше особено задоволство што во Скопје ја пречекавме претседателката на Собранието на Република Косово, г-ѓа Албулена Хаџиу. Косово и Северна Македонија ги поврзуваат значајни историски, културни и братски врски, кои претставуваат цврста основа за продлабочување на нашата соработка. Во текот на разговорот го истакнавме значењето на континуираниот дијалог, зајакнувањето на институционалните односи и унапредувањето на иницијативите од заеднички интерес. Верувам дека блиската соработка меѓу двете земји придонесува за развојот, стабилноста и нашата заедничка иднина”, изјави Меџити.

На крајот од средбата, градоначалникот Меџити изрази благодарност за посетата на претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, посакувајќи ѝ успех во извршувањето на нејзините институционални должности. Воедно, тој повторно го нагласи значењето на негувањето добри односи и континуираното унапредување на соработката меѓу Косово и Северна Македонија.

