Утрински Весник
Балкан

Запленети над 18 килограми кокаин во вредност од 1,3 милиони евра на атинско пристаништето – уапсен британски државјанин

Policija grcija.webp.webp

Со помош на службеното куче за откривање наркотици „Брат“ на грчката крајбрежна служба, на пристаништето Лаврио во близина на Атина, во автомобил биле пронајдени над 18 килограми кокаин во вредност од 1,3 милиони евра, а уапсен е 43-годишен британски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека дрогата била откриена во автомобил со странски регистарски таблички, кој влегол во трговското пристаниште во Лаврио, а претресот бил извршен по добиени информации.


Во автомобилот биле пронајдени 127 пластични пакувања со 18 килограми и 113 грама кокаин, внимателно скриени во шуплините кај багажниот простор и во специјално изработен таен простор под главниот дел на багажникот, а бил откриен од кучето-душкач.

Скриениот простор се отворал со посебно прикриено копче, кое не било дел од оригиналната конструкција на возилото.

Според процената на грчката крајбрежна служба, очекуваната вредност на дрогата на малопродажниот пазар надминува 1,3 милиони евра.

Можете да прочитате

Поднесени кривични пријави против повеќе амбасадори, Обвинителството во Србија отвори предмети за гласањето во странство

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија

Се огласи сопругата на Александар Вучиќ: Нешто никогаш не ви кажав…