Утрински Весник
Свет

Руски ракети погодија студентски дом и цивилни објекти во Киев: Еден загинат и 15 повредени

Kiev napad.jpg

Најмалку едно лице загина, а 15 се повредени во руските напади врз Киев од понеделникот вечерта, објави Ројтерс. Меѓу повредените има и студенти, а оштетени се универзитетски објекти, студентски дом, здравствени установи и инфраструктура на метрото.

Според градоначалникот Виталиј Кличко, голем дел од повредените во првичниот биланс биле студенти од дом на Државниот универзитет за трговија и економија, на источниот брег на Днепар. Во првите извештаи беше наведено дека девет лица се хоспитализирани, од кои тројца во тешка состојба.


Експлозиите оштетиле две здравствени установи, а повредени биле и двајца членови на екипа за итна медицинска помош што пристигнала на едно од погодените места. Во делови од градот источно од Днепар имало прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека балистичките ракети погодиле универзитетски кампус и неговата околина, вклучувајќи го паркот „Кјото“, просторот кај метро-станица и станбени згради. Тој повторно ги повика партнерите да ја забрзаат испораката на средства за противвоздушна одбрана.

Нападите продолжија и во текот на ноќта кон вторникот. Според Ројтерс, оштетени се Јужниот мост и инфраструктурата на метрото, што предизвикало прекини во сообраќајот.

Можете да прочитате

Швајцарија оди на реферндум за забрана на огнометот

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила