Утрински Весник
Економија

Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки

Whatsapp image 2026 10 26 at 11.20.34 scaled.jpeg

На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата, кој ќе претставува основа за креирање квалитетни економски и социјални политики.


„Нашата цел не е да покажеме пониска бројка, туку да обезбедиме проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците на домаќинствата. Податоците треба да ни служат како основа за носење одговорни одлуки и мерки што ќе придонесат за подобрување на животниот стандард и заштита на куповната моќ на граѓаните”, нагласи министерот Дурмиши.

Можете да прочитате

Пониска инфлација од европскиот просек, Владата со мерки за ублажување на ценовниот удар

Бензините поевтинуваат за пет денари, цената на дизелот останува иста

Интересот на компаниите за дигитализација се зголемува, поддршка нуди Владата и Европската комисија