Утрински Весник
Македонија

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Denari Pari.jpg

На 22.10.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од две лица за сума од 117.000 денари.

Според пријавеното, на 21.09.2026 се сретнала со лицата, при што едниот од нив се претставил како вработен во Катастар, и ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат нејзиното семејство да го откупи и приватизира земјиштето кое го користеле, а кое е во државна сопственост.


Како што е пријавено, таа во неколку наврати на лицето му ги исплатила парите, а потоа во Катастар побарала да ја известат за предметот, по што ѝ кажале дека лицето повеќе од две години не е вработен кај нив и сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал