Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

Esen2.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.


Во сабота времето ќе биде стабилно, а во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во деновите потоа следи стабилизирање на времето.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели

Денови на македонска култура во Будимпешта 2026: гастрономија, музика и скулптура во есенското издание

Денеска се празнува 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба