Утрински Весник
Македонија

Повредено лице чекало помош, но Итната помош не испратила екипа – кривични пријави за двајца вработени во Тетово

856488316 122319451718218231 4214579103845543467 n.jpg

Кривични пријави се поднесени против двајца вработени во Итната медицинска помош при ЈЗУ Тетово, поради сомнение дека не обезбедиле медицинска интервенција за повредено лице во тетовското село Доброште, иако бил примен телефонски повик за помош.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување медицинска помош“.


Според полициските информации, на 29 јуни 2026 година во Итната медицинска помош во Тетово бил примен телефонски повик со барање за медицинска интервенција за повредено лице во селото Доброште.

Повикот го примила првопријавената, 35-годишната И.В., но, според сомнежите на полицијата, таа не испратила медицинска екипа на посочената локација за да му биде укажана неопходната помош на повреденото лице.

За примениот повик и за ситуацијата бил известен и второпријавениот И.М. (51), кој во тој период бил раководител.

Поради ваквото постапување, полицијата поднела кривична пријава против двајцата вработени.

Од МВР не соопштуваат дополнителни информации за природата на повредите на лицето за кое била побарана помош, ниту дали неиспраќањето медицинска екипа имало последици врз неговата здравствена состојба.

Можете да прочитате

10 милиони евра за реконструкција, а вода тече во собите – студентите реагираат за „Стив Наумов“

Арсенал оружје пронајден во дом на скопјанец

Вознемирувачки случај во скопски автобус: Маж допирал малолетничка по телото, мајката пријавила во полиција