Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Кој ќе одговара за состојбата на музеите во Крушево?

Ldp logo.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП

Случајот со изнајмувањето на споменикот „Македониум” за снимање музички спот за околу 500 евра ја отвори темата за односот на власта кон македонското културно и историско наследство. По јавните реакции, директорот на НУ Историски музеј – Крушево, Миха Оџаклиески, поднесе неотповиклива оставка. Но, дали со заминувањето на еден директор завршуваат и проблемите на музејската дејност во Крушево?


Според нашите информации, на местото на Оџаклиески е назначена Даниела Стоиловска за в.д. директорка. Прашуваме, според кои критериуми се врши изборот на раководни лица во институциите од национално значење и дали нивните стручни квалификации одговараат на одговорноста што ја носат овие функции?

Позагрижувачка е состојбата со музејските објекти во Крушево. Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република е затворен за посетители, Музејот на НОБ не е достапен за јавноста, а Леарницата работи само со претходна најава, според информациите објавени на официјалните страници на музејската установа.

Крушево не смее да биде град во кој историското наследство постои само на хартија, додека музеите остануваат недостапни за граѓаните, учениците и туристите.

ЛДП бара од Министерството за култура и туризам и од надлежните институции јавно да одговорат:

Каква е актуелната состојба со секој од музејските објекти во Крушево?

Кога ќе бидат ставени во функција музеите што се затворени за посетители?

Кои критериуми се применети при назначувањето на новата в.д. директорка и кои се нејзините стручни квалификации?

Каков е планот за заштита, реконструкција и редовно одржување на музејското наследство?

Кој ќе преземе одговорност за долгогодишната недостапност на овие културни содржини за јавноста?

Културното наследство не е партиски плен, а националните споменици не се обичен простор за изнајмување. Крушево заслужува музеи што ќе бидат отворени, заштитени и достоинствено управувани.

ЛДП ќе бара транспарентност, одговорност и конкретен план за враќање на музејскиот живот во Крушево.

Можете да прочитате

Уапсен 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

Излезноста во Брвдница до 9 часот е 2,46%

Брвеница денеска избира градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани