Утрински Весник
Свет

Иран тврди дека супертанкер удрил во мина во Ормуската Теснина

20261017081324 big 730x400 19.webp.webp

Супертанкер удрил во поморска мина во Ормуската Теснина, што предизвикало експлозија и пожар на бродот, објавија иранските медиуми, повикувајќи се на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ).

Според извештаите, танкерот превезувал повеќе од 2 милиони барели сурова нафта. Од ИРГЦ тврдат дека бродот се обидел да помине низ теснината без дозвола, со помош на американската војска и користејќи маневри за измама, пренесува ДПА. 


Американската централна команда (CENTCOM) и британската организација за поморски трговски операции (UKMTO) досега не дадоа коментар за инцидентот што се случил во текот на ноќта.

Ормускта теснина стана главна точка на тензии меѓу Техеран и Вашингтон за време на конфликтот со Иран. Овој пловен пат е од клучно значење за глобалната трговија со нафта и течен природен гас.

Откако започна конфликтот кон крајот на февруари, Иран во голема мера го блокираше поморскиот сообраќај низ теснината преку закани и напади врз бродови. Техеран, исто така, постави и мини во делови од пловниот пат.

Во меѓувреме, САД воведоа блокада на иранските пристаништа и крајбрежни области, со цел да ја лишат земјата од приходите од извозот на нафта.

Можете да прочитате

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп – Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“

Германските служби за вработување бараат од владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан