
Поради замена на затворач со профил Ф-100 на улицата „Миладин Поповиќ“ бр. 15 денеска без водоснабдување ќе останат корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“ и делови од улиците „Орце Николов“, „Никола Тесла“, „Мирка Гинова“ и булеварот „Илинден“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на предвидените работни активности.



