Утрински Весник
Македонија

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Direktorot janev vo rabotna poseta na oddelenieto za bezbednost image.jpg

Денеска (16.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, оствари работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, каде што разговараше со полициските службеници за актуелните состојби, предизвиците во работењето и можностите за унапредување на сообраќајната безбедност.

На средбата се разговараше за расположливите човечки и технички капацитети, сообраќајните предизвици во главниот град, примената на системот „Безбеден град“, како и за потребата од засилени превентивни активности, особено во однос на небезбедното управување со тротинети и мотоцикли.


Беше посочено дека бројот на изречени санкции на територијата на Скопје, во периодот од 1 јануари 2026 година до денес, е намален за 33,5 проценти, при што беше нагласена потребата од континуирано следење и анализа на овој показател.

Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.

Притоа, истакна дека приоритет остануваат намалувањето на сообраќајните прекршувања, подигнувањето на сообраќајната култура и обезбедувањето побезбедни улици, како и создавањето соодветни услови за професионално и ефикасно извршување на полициските задачи.

Во рамки на посетата, директорот Јанев оддаде почит на загинатите полициски службеници Атанас Јанев и Ацо Ангеловски, кои ги загубија животите при извршување на службената должност.

Можете да прочитате

Војниците излегуваат на протест пред Владата – жестоки обвинувања кон Мисајловски за лаги и празни ветувања

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Западнонилската треска однесе уште еден живот во Македонија – бројот на починати се искачи на 12