Утрински Весник
Македонија

Брвеница в недела избира градоначалник: Шест кандидати во трката за општината

Izbori e1735890132532.webp.webp

Жителите на Општина Брвеница в недела, на 18 октомври, ќе гласаат на предвремени избори за градоначалник. За функцијата се натпреваруваат шест кандидати – четворица предложени од коалиции и двајца од групи избирачи.

Изборите се распишани по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава, на 58-годишна возраст. Одлуката за нивното одржување ја донесе претседателот на Собранието, Африм Гаши.


Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ настапува со Стојанчо Радичевски, а коалицијата предводена од СДСМ со Јовица Радески. Кандидат на Вреди/Влен е Јакуп Усеини, додека Националната алијанса за интеграција го предлага Аркин Јахији. Како независни кандидати, поддржани од групи избирачи, учествуваат Арифе Идризи и Душан Богдановски.

Владините коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и Влен на овие избори настапуваат со одделни кандидати, а граѓаните ќе избираат и меѓу кандидатите на опозициските коалиции и независните претенденти.

Државната изборна комисија веќе го утврди редоследот на гласачкото ливче. Под број еден е кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“, под број два кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, а под број три Душан Богдановски. Следуваат кандидатот на Влен под број четири, Арифе Идризи под број пет и кандидатот на Националната алијанса за интеграција под број шест.

Во кампањата кандидатите ги претставуваа своите планови за инфраструктурата, комуналните услуги, поддршката за младите и подобрувањето на условите за живот во општината. Неделното гласање ќе покаже кому жителите ќе му ја доверат реализацијата на тие ветувања.

Можете да прочитате

Кривична пријава за екс директор и осум други вработени во УХРМ

Сончев викенд со студени утра: Во Скопје до 19, во Македонија до 22 степени

Мицкоски: Ни треба политика на стабилност, се бориме за стандардот, тешко се живее, но имаме најниска инфлација, платите постепено растат