Утрински Весник
Македонија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Ministerstvo za pravda.webp.webp

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, додека е на сила судска забрана.

Владеењето на правото подразбира еднаквост пред законот, почитување на судските одлуки и доследна примена на правните процедури. Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман или различна примена на законот.


Како соседни држави посветени на европската перспектива, имаме обврска односите да ги градиме врз заемна доверба, почитување и ефикасна правна соработка. Тоа подразбира и доследно почитување на правните обврски и независноста на судските постапки.

Министерството за правда ја нагласува важноста на институционалниот дијалог и соработката, со цел сите отворени прашања да бидат разрешени врз основа на фактите, законите и меѓународните правни механизми.

Европските вредности не се само декларација, туку обврска. Правдата мора да важи за сите, без исклучок и без селективност.

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешкото значење ќе биде поголемо