
На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички”, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од А.Н.(57) од Охрид.
На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.


