Утрински Весник
Македонија

Левица го одбележа 85-годишниот јубилеј на антифашистичкото востание во Прилеп

Image 2026 10 11 121349870.png

По повод 85-годишнината од почетокот на антифашистичкото востание во Македонија, Левица организираше комеморативен настан во Прилеп, градот во кој на 11 Октомври 1941 година започна вооружената борба против бугарскиот фашистички окупатор.

На настанот присуствуваа претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, и членот на Президиумот и пратеник, м-р Сашко Јанчев.


Програмата опфати посета на спомен-куќата на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, промоција на реизданието на книгата „Од дневникот на Прилеп 1940-1942″, проекција на документарен филм посветен на 11 Октомври и тематско предавање на историчарот Миле Спиркоски за историското значење на востанието и антифашистичката борба.

Во своето обраќање, Сашко Јанчев потсети дека партизаните тргнале во борба свесни дека можат да го загубат животот. Нивната храброст и решителност се обврска и за денешните генерации: ако тие не се двоумеле да ги жртвуваат сопствените животи за слободата, ние денес немаме изговор да се двоумиме во борбата за нашите идеали и за општество ослободено од експлоатација и угнетување.

За Левица, антифашизмот не е само спомен од минатото, туку жива политичка и класна определба. Тој подразбира бескомпромисна борба против фашизмот, империјализмот, националното угнетување и капиталистичката експлоатација. Да го чествуваме 11 Октомври значи да ги чуваме идеалите за кои се бореа партизаните и да продолжиме да се бориме за слобода, социјална правда и власт во интерес на народот, а не на привилегираното малцинство.

Можете да прочитате

Опожарени три возила во Скопје

За случајот со натепаните момчиња, поведена е постапка и шест полицајци ќе бидат суспендирани, информира МВР

Охриѓанец почина откако му се превртело кануто