Утрински Весник
Македонија

Македонија обоена за донирањето органи

Fb img 1791636298224.jpg

По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот.

За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи.


„Секој донор е надеж. Секое „да” е нов живот.

Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот“ велат од МЗ.

Можете да прочитате

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт

Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа