
Затворски казни во траење од четири до 12 години, побара Обвинителството во Буенос Аирес за медицинскиот тим што се грижеше за здравјето на аргентинската легенда Диего Марадона во неговите последни денови во ноември 2020 година, осудувајќи ја „хаотичната организација“ што го остави познатиот фудбалер напуштен и оставен сам да се грижи за себе.

Обвинителот Патрицио Ферари направи разлика помеѓу две групи обвинети. Тој побара казни од осум до 12 години затвор за тројца здравствени работници обвинувајќи ги дека се виновни за убиство со намера или небрежност извршена со знаење дека таквото дејствие може да резултира со смрт.
За преостанатите тројца обвинети е побарана поблага квалификација на кривичното дело убиство без умисла, со барање за затворски казни од четири до пет години.
Од барањето за затворска казна беше исклучен само седмиот обвинет, лекар надвор од тимот кој го посетил Марадона само еднаш за време на неговото фатално закрепнување.
Аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња почина на 25 ноември 2020 година во приватна резиденција во Буенос Аирес.


