Утрински Весник
Скопје

Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери

Viber image 2026 10 09 17 07 42 810.jpg

Денеска во спортската сала „Партизан“ се одржаа традиционалните пензионерски спортски игри, организирани по повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош. На спортскиот настан присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, кои им посакаа успех на учесниците и го поздравија нивниот ентузијазам, спортски дух и желба за дружење.

  • „Гледајќи го овој спортски терен исполнет со позитивна енергија, насмевки и младешки дух, не можам, а да не кажам – вие сте вистинска инспирација за сите помлади генерации во нашата општина. Денес не е важна возраста, туку желбата за дружење, движење и зачувување на натпреварувачкиот дух. Сигурен сум дека ќе видиме одлични резултати, фер-плеј и многу спортска среќа во сите машки и женски дисциплини. Најдобрите тројца во секоја категорија ќе си заминат дома со заслужени пехари. Но, сакам да нагласам една работа – за мене како градоначалник, а верувам и за целата публика која е тука да ве бодри, сите вие денес сте победници“, истакна градоначалникот Лукровски.

На игрите учествуваа членови на двете пензионерски друштва – „Карпош“ и „Тафталиџе“, кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини: шут на гол за мажи и жени, фрлање ѓуле за мажи и жени, трчање на 60 метри за жени и 80 метри за мажи, како и скок во далечина. По завршувањето на натпреварите, на учесниците им беа доделени статуетки, по што следуваше пригоден свечен коктел. Општина Карпош продолжува да ги поддржува активностите кои поттикнуваат активен живот, дружење и квалитетно поминување на времето во третото доба.


Можете да прочитате

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март”, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар

Пристигна првата испорака од 3.300 нови контејнери за Скопје