Утрински Весник
Македонија

ДУИ обвининува за полициска бруталност врз двајца млади Албанци

Dui.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ;

Демократската Унија за Интеграција бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади на возраст од 21 и 23 години, кои, според нивните изјави, биле брутално малтретирани од полицијата.


Според информациите, во интерниот полициски извештај се тврди дека младите му го одзеле пиштолот на еден полициски службеник, додека, според нивните изјави, оружјето завршило во нивното возило откако полицијата им го скршила стаклото. Тие, исто така, изјавуваат дека полицајците пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на возилото, а потоа ги малтретирале, откако им ги врзале рацете и ги легнале на земја.

Бараме итна, непристрасна и транспарентна истрага за целосно расветлување на настанот, како и одговорност за секое прекршување од страна на полициските службеници.

Молчењето и отсуството на одговорност не се опција! ДУИ бара оставка од Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, како и целосна институционална одговорност за овој случај. Правата и достоинството на граѓаните не смеат да бидат повредувани од оние чија должност е да ги штитат.

Можете да прочитате

Скопјани да се подготват за грејната сезона – ЕСМ предупредува што мора да се провери

АА: Полициското насилство мора да се истражи до крај, ВЛЕН не смее да молчи

(Видео) СДСМ: Деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка