Утрински Весник
Македонија

Еден томограф на Радиологија повторно работи, прегледи ќе има и за викенд

Radiologija rentgen institu 1 960x720 1.jpg

Еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија во Скопје од денеска повторно е во функција и е достапен за дијагностички прегледи, соопшти Министерството за здравство.

Институтот почна организирано да ги повикува пациентите чии прегледи беа привремено презакажани и да им доделува нови термини. За побрзо реализирање на прегледите е организирана работа во две смени, како и дополнителна работа во текот на претстојниот викенд.


Од Министерството наведоа дека прегледите ќе се извршуваат согласно расположливите капацитети и утврдените медицински приоритети.

Томографот за итни пациенти сè уште се сервисира

Сервисната постапка за компјутерскиот томограф во хируршкиот комплекс, наменет првенствено за итни пациенти, сè уште трае. Од Министерството очекуваат таа да заврши наскоро, но не посочија конкретен рок.

Во меѓувреме, итните пациенти се згрижуваат во ГОБ „8 Септември“ и во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Министерството соопшти дека преку меѓуинституционална координација се обезбедува континуитет на неопходните дијагностички услуги.

Во соопштението упатија и апел во јавноста да не се изнесуваат непроверени информации, со образложение дека тие можат да ја нарушат довербата во здравствениот систем.

Можете да прочитате

ДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложение

ДУИ обвининува за полициска бруталност врз двајца млади Албанци

Промоција на книгата „Превентивна стоматологија“ на 16 октомври во Стоматолошки факултет