Утрински Весник
Македонија

Алпер Акташ нов амбасадор на Турција во Македонија – ги предаде акредитивите кај Сиљановска-Давкова

Img 5558.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Посакувајќи му добредојде, таа изрази уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште подобри.


За неа, Турција е не само наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО, туку и искрен пријател којшто ги разбира македонските приоритети.

Во формирањето на Советот за соработка на високо ниво, таа препознава политички чекор напред.

За амбасадорот Акташ, стратешкото партнерство е од голема важност за обете земји.

Сиљановска-Давкова гледа отворен простор за соработка во економијата, трговијата, одбраната, инфраструктурата, енергетиката, туризмот, културата и образованието.

Таа ја поздрави Балканската платформа за мир, иницирана од Република Турција, како рамка за градење регионална стабилност низ дијалог.

За обajцата, турската заедница е важен сегмент на македонскиот етнички и религиозен мозаик, како што и граѓаните со македонско потекло во Турција се цврст меѓудржавен мост.

Тие споделија лични приказни коишто ги поврзуваат: амбасадорот Акташ укажа на своето македонско семејно потекло, а претседателката потсети дека е родена во турска куќа во Охрид.

На крајот, таа му посака успех во извршувањето на одговорната амбасадорска функција.

Можете да прочитате

Влегол кај деканот, оставил писмо со закани кон професори и заминал

17-годишна девојка пријавила дека ја малтретирале невенчаниот сопруг, неговата мајка и 15-годишната сестра

Истуриле пепел по правење зимница, па избувнал пожар – интервенирале скопските пожарникари